Огласи

Конкурси

Соопштенија

НАЈАВА: КУРС ЗА САЈБЕР ХИГИЕНА ЗА СТУДЕНТИ

20.05.2024
Почитувани студенти, Пред вас е посебна можност за подобрување на вештините за дигитална безбедност преку едночасовен online курс за сајбер хигиена. Овој курс го спроведува Националниот институт за сајбер безбедност и дигитална форензика од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во партнерство со Стејт Департментот на САД и CRDF Global. По успешното завршување на курсот учесниците ќе се стекнат со соодветен сертификат во дигитална форма, како признание за стекнатите знаења и вештини.    Наслов на курсот: Основни безбедносни правила во дигиталната средина Времетраење: 60 минути Целна група: Студенти во нетехнички и технички специјалности

Градење на идните лидери: 53-та НАТО конференција на команданти

14.05.2024
Во периодот 07.-11.05.2024 година, високи лидери од воени и одбранбени образовни институции од целиот свет се собраа на Националниот одбранбен универзитет во Вашингтон Д.Ц., САД. На настанот активно учество зеде и деканот на Воената академија полковник д-р Митко Богданоски, редовен професор. Воведно обраќање на настанот одржаа командантот на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим Генерал-полковник Макс Нилсен, командантот на Националниот одбранбен универзиет од САД генерал-полковник Мајкл Плехн, како и Началникот на Генералштабот на сојузничката команда на НАТО за трансформација, вицеадмирал Гај Робинсон.