За академијата

академија

Воената академија (ВА) е формирана со Закон за Воена академија, во кој е регулирано дека таа работи согласно Законот за високото образование и Законот за научноистражувачката дејност во Република Македонија.

Академија - Историјат 1

Почеток на военото школство

  • Со формирањето на АРМ (април 1992) се појави потребата за школување старешини и нивно оспособување за раководење и командување со единиците и установите на Армијата.
  • За решавање на овој проблем, во мај 1992 година при ГШ на АРМ се формира Одделение за школство (ОШ), кое подоцна (април 1993) се преименува во Установа за обучување на воени старешини (УОВС).

 

Основни задачи на ОШ и установата

  • прифаќање на питомците и учениците од воените школи на поранешната ЈНА и организирање на нивното дошколување
  • конципирање на военошколскиот систем и моделот на школување старешини за АРМ.
  • почеток со работа на Командно-штабната школа (КШШ)

Академија - Историјат 3

Формирање на академијата

  • Во тригодишната работа на Установата дошколуван е голем број старешини за АРМ, изработен е Проект за формирање воена академија, подготвен е предлог на Закон за воена академија и извршени се кадровски, просторни, материјални и други подготовки за реализација на проектот. Во овој период, на 01.10.1994 година е примена првата класа слушатели на КШШ.
  • На 07. јуни 1995 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за воена академија со кој е основана Воената академија на Република Македонија. Според овој Закон Установата за обучување на воени старешини се трансформира во Воена академија.
  • Воената академија е дефинирана како воена високо-образовна и научноистражувачка установа која, според Законот, својата дејност ја врши согласно Законот за високото образование и Законот за научно-истражувачката дејност.
  • Воената академија го носи името „Генерал Михаило Апостолски“ кој бил командант на ГШ на Македонија во Народноослободителната војна (НОВ) 1941-1945 година.

Академија - Историјат 4

Временски индекс

  • Во септември 1995 година на школување се примени првите питомци во 1. година на Воената академија. Академската година почна во октомври, а почетокот со работа на Академијата свечено е одбележен на 11ти Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ кога питомците од 1. година ја дадоа свечената обврска.
  • Во учебната 2003/04 година не се изврши прием на питомци за додипломските студии (мораториум).
  • Во Декември 2008 година, Владата на Република македонија донесе одлука за рестартирање на работата на Воената академија, како придружна членка на Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип
  • А од Септември 2009 година, по рестартирањето на работата на воената академија е примена и нова класа на питомци и слушатели.

Академија - статус

Статус

ВА е акредитирана од страна на Мин. за образование и наука во согласност со Европкиот кредит трансфер систем (ЕКТС), како самостојна високо образовна и научно - истражувачка институцаија и реализира универзитески студии од прв (додипломски), втор (магистратура и специјализација) и трет циклус (докторски студии). Универзитетската диплома на студентите што ќе го завршуваат школувањето на ВА е верифицирана во земјата, што ќе им овозможи на питомците и студентите да имаат признаено занимање и можност за понатамошна едукација во образовниот систем на РС Македонија и странски држави членки на Болоњскиот процес.

Академија - Мисија

Мисија

Воената академија како единствена воена високо-образовна и научна институција во Република Македонија има основна задача да школува, оспособува и усовршува кадар за потребите на: МО, АРМ, Системот за управување со кризи, Системот за заштита и спасување и да се бави со НИР за потребите на одбраната согласно со закон.

Академија - графикон