Реализација на обука во теренски услови со питомците од 1нг и слушателите на курс за офицери на служби

27.09.2023

Во периодот од 11.09.2023 до 03.09.2023 год. на АП Криволак, со питомците од 1ва наставна година и слушателите на курсот за офицери на служби на Воената академија во рамки на периодот на прилагодување се реализираше Основна воена обука, во која беа опфатени теми од Строева обука, Пешадиско вооружување со настава по гаѓање, Атомско-биолошка и хемиска одбрана, Тактички постапки на поединец и Физичко вежбање. Учесниците пристапија кон обуката со висок ентузијазам и желба за докажување, а обуката се карактеризираше со високо-успешна работа во тим и заедничко достигнување на целите поставени од инструкторите.

Галерија