Најчесто поставени прашања
Конкурсот за упис се распишува според Законот за Високо образование по предходна одлука на Владата на РМ за бројот на питоцмите/студенти кои треба да бидат запишани. Вообичаено тоа е во текот за месеците јуни или јули.
Конкурсот се објавува во најмалку два печатени весници и на веб страницата на Воената академија.
Врската до страната е:
Конкурсот го спроведува Конкурсна комисија.
Постапката се одвива во следните 12 чекори:
- Прием на документите.
- Проверка на комплетноста и валидноста на документите.
- Проверка на психофизичката способност на кандидатите со специјалистички прегледи и оценка од Воено – лекарска комисија во Воено медицински центар во Скопје.
- Проверка на компетенциите (физичката подготвеност).
- Проверка на исполнување на безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации од надлежна Служба во Министерството за одбрана.
- Објавување на прелиминарна ранг-листа со поените од средното образование (среден успех), поените од од државната матура (среден успех) и резултатите од проверката на компетенциите (физичката способност).
- Право на приговор во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите.
- Одлучување на Деканската управа по однос на приговорите.
- Објавување на одлуките по приговорите на огласна табла на Воената академија.
- Подготвка и објавување на Конечната ранг-листа.
- Наставно-научниот совет на Воената академија донесува предлог мислење за конечната ранг-листа и го доставува до министерот за одбрана
- Министерот во рамките на своите надлежности утврдени со закон донесува конечно решение за прием на кандидатите.
Документите кои се потребни за пријавување точно се наведуваат во конкурсот кој се објавува.
На досегашните конкурси беа потребни следните документи:
- молба; (напишана во слободна форма)
- формулар (се добива во Воената академија);
- свидетелства за сите четири години од средното образование (во оригинал);
- диплома за положен матурски испит (во оригинал);
- уверение за државјанство;
- извод од матичната книга на родени;
- уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија или дејност или должност.
Напоменуваме дека во следните конкурси може да се направи измена на потребната документација, затоа ве упатуваме претходно внимателно да го прочитате конкурсот за тековната година и да се информирате за потребните документи.
На Конкурсот можат да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:
- да се државјани на Република Македонија,
- да положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење,
- да не се постари од 21 година и
- да се психофизички способни.
- Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:
- да не им е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации што ги утврдува надлежна Служба во Министерството за одбрана, и
- успешно да го положат тестот за физичка способност.
Да. За постари од 21 година се сметаат сите кандидати кои на денот на поднесување на докумените имаат полни 21 година и уште еден ден. Овие лица не ги исполнуваат општите услови и нема да можат да бидат дел од процесот на селекција.
Да. Право на учество на Конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство. Тие треба да достават документ за нострификација на сведителство или дипломата добиена во странство, издаден од надлежно министерство.
При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии, покрај општите и посебните услови се земаат во предвид и следните критериуми:
- општиот успех на кандидатите по сите предмети,
- успехот од државната матура,
- успехот постигнат на проверката на компетенциите (физичка способност).
Вреднувањето на критериумите за запишување се изразува во поени.
Кандидатите кои положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење можат да освојат максимум 100 поени, вкупно за сите критериуми.
Кандидатите кои немаат положено државна матура или меѓународна матура можат да освојат максимум 65 поени, вкупно за сите критериуми.
- Општиот успех постигнат во средното образование се вреднува максимум до 55 поени.
- Успехот од државна или меѓународна матура се вреднува максимум до 35 поени.
- Успехот од проверката на физичка способност се вреднува максимум до 10 поени.