Втор циклус - секц 1
Настава
- Наставата на универзитески студии од II циклус (специјализација и магистратура) се изведува преку предавања, консултации, изработка на семинарски работи, практични вежби, решавање конкретни тактички задачи и ставање во улога при извршување конкретни задолженија.
- Испитите се полагаат по завршување на семестарот и кога кандидатот ќе ги исполни обврските на предметната програма и критериумите на ЕКТС.
- Последниот семестар е предвидена изработка на специјалистички/магистерски труд и истите подлежат на јавна одбрана.
- По завршувањето на универзитески студии од II циклус кандидатот стекнува за завршени магистерки студии 60 кредити, а за завршена специјализација 40 кредити според ЕКТС.
Втор циклус - секц 0а
Втор циклус - секс 0 алерт
Услови за запишување на универзитески студии од II циклус (специјализација и магистратура):
- Се утврдуваат за секоја студиска програма засебно
- Поблиски информации содржи конкурсот за запишување
- Основен услов е кандидатите да имаат завршено соодветни универзитески студии од I циклус во траење од најмалки 8 семестри и имаат освоено најмалку 240 кредити (ЕКТС)
- За одредени програми, пред се од делот на специјализацијата, предвидени се посебни услови кои се пропишани со Статутот на Воената академија.
Студиска програма
НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ И ПОЛЕ И ОБЛАСТ, КАДЕ ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Научно подрачје: 2 Техничко-технолошки науки
Научно поле: 212 Компјутерска техника и информатика
Научна област: 21202 Информациони системи и мрежи и 21208 Друго
ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
- Студиските програми за школување студенти во Воената академија се конципирани со цел да обезбедат оспособување на кадри по повеќе насоки за потребите на Министерството за одбрана и Армијата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Носителите на критичната информациска инфраструктура (Телекомуникацискиот сектор, Финансискиот сектор и слично) и други министерства, институции и приватниот сектор..
- Процесот на едукација покрај тоа што ќе биде базиран на националните потреби, ќе биде базиран и на меѓународните потреби, со што се врши афирмација на Република Северна Македонија на меѓународно ниво. Воената академија, согласно Националната стратегија за сајбер безбедност, треба да формира Национален институт за сајбер безбедност и дигитална форензика.
Линк од студиска програма - Насока: Сајбер безбедност и дигитална форензика
Студиска програма
НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ И ПОЛЕ И ОБЛАСТ, КАДЕ ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Втор циклус на студии, насока: БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА
Научно подрачје: 5 Општествени науки
Научно поле: 506 Организациони науки и управување (менаџмент), 515 Одбрана и 516 Безбедност
Научна област: 51503 Интегрална безбедност, 51504 Етиологија на загрозување, 51506 Управување и командување, 51509 Планирање на одбрана и заштита и 51610 друго – Меѓународна безбедност и безбедносни системи
ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
- Студиската програма за школување студенти во Воената академија е конципирана со цел да обезбеди оспособување на кадри по повеќе насоки за потребите на Министерството за одбрана и Армијата и други институции.
- Процесот на едукација на офицерскиот кор на Армијата, државни службеници и вработени во други институции, покрај тоа што ќе биде базиран на националните потреби, ќе биде базиран и на меѓународните потреби, со што се врши афирмација на Република Северна Македонија на меѓународно ниво.
Линк од студиска програма - Насока: Безбедност и одбрана
Студиска програма
НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ И ПОЛЕ И ОБЛАСТ, КАДЕ ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Втор циклус на студии, насока: УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
Научно подрачје: 5 Општествени науки
Научно поле: 506 Организациони науки и управување (менаџмент) и 515 Одбрана
Научна област: 50602 Менаџмент системи, 51507 Цивилна заштита и 51509 Планирање на одбрана и заштита
ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
- Студиската програма за школување студенти во Воената академија е конципирана со цел да обезбеди оспособување на кадри по повеќе насоки за потребите на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и други институции.
- Процесот на едукација на офицерскиот кор на Армијата, државни службеници и вработени во други институции, покрај тоа што ќе биде базиран на националните потреби, ќе биде базиран и на меѓународните потреби, со што се врши афирмација на Република Северна Македонија на меѓународно ниво.
Линк од студиска програма - Насока: Управување со кризи и заштита и спасување