Јавен оглас за вработување на 3(три) лица во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје

03.02.2024

Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), Министерството за одбрана објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 3(три) лица

во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје

            Министерството за одбрана објавува оглас за вработување на 3 (три) лица на неопределено време на следната работна позиција:

1. Наставник, во Катедра за природни и воено-технички науки во Сектор за настава и НИР на Воена академија, 1 извршител;    

Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:

            Општи  услови:

-  да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;
-
 да е полнолетен;    
-
 да има општа здравствена способност за работното место и    
-
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

            Посебни услови:

- да има завршено трет циклус студии (доктор на технички науки);

- работно познавање на англиски јазик;

            За предност се смета:

  • кандидатот да има избор од научното подрачје: техничко-технолошки науки, од научното поле: комјутерска техника и информатика и научната област: информациони системи и мрежи, според Меѓународната Фраскатиева класификација.

            Работни денови:

- од понеделник до петок;

- работни часови неделно:40.

            Работно време:

- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

            Паричен нето износ на плата:

- 54.223,00 денари.

2. Наставник, во Катедра за безбедност, кризен менаџмент, заштита и спасување во Сектор за настава и НИР на Воена академија, 1 извршител;    

Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:

            Општи  услови:

-  да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;
-
 да е полнолетен;    
-
 да има општа здравствена способност за работното место и    
-
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

            Посебни услови:

- да има завршено трет циклус студии (доктор на општествени науки);

- работно познавање на англиски јазик;

            За предност се смета:

  • кандидатот да има избор од научното подрачје: општествени науки, од научното поле: правни науки и научните области: Дипломатско и конзуларно право и Меѓународно јавно право, според Меѓународната Фраскатиева класификација.

            Работни денови:

- од понеделник до петок;

- работни часови неделно:40.

            Работно време:

- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

            Паричен нето износ на плата:

- 54.223,00 денари.

3. Извршител за административни работи - деловодител во Одделение за планирање, административни и студентски работи во Стручна и административна служба на Воена академија, 1 извршител;

Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:

            Општи  услови:

-  да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;
-
 да е полнолетен;    
-
 да има општа здравствена способност за работното место и    
-
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

            Посебни услови:

- поседува ниво на квалификации IVспоред Македонската рамка на квалификации или средно образование;

- активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

            Работни денови:

- од понеделник до петок;

- работни часови неделно:40.

            Работно време:

- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

            Паричен нето износ на плата:

- 23.473,00 денари.

            Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање дадени во овој оглас.

Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:

  • Уверение за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Уверение/диплома за завршен степен на образование во зависност од условите за работната позиција;
  • Диплома/сертификат за познавање на странски јазик (за работна позиција под број 3. не е потребно);
  • Кратка биографија;
  • Лекарско уверение од Институт за медицина на труд и
  • Мотивациско писмо.

Спроведувањето на постапката за селекција опфаќа четири фази и тоа:

  • Фаза I – административна селекција (проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со јавниот оглас);
  • Фаза II – проверка на потребните работни компетенции за извршување на работите (тест и интервју);
  • Фаза III – рангирање на кандидатите и
  • Фаза IV -  избор на кандидати.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став (2) од Законот за работните односи. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

            Пријавата со потребната документација треба да се достави до деловодството на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје или по пошта на следнава адреса: „Васко Карангелески б.б.“ Скопје, касарна „Гоце Делчев“ – Скопје, деловодство на Воената академија, со назнака „за јавен оглас за вработување на работна позиција (под број 1., 2. или 3.) на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје “.

Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.

                                    МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА