Реализација на рекреативен марш на вработените од Воена академија по повод денот на Воена академија 14 Јуни

15.04.2024

По повод денот на Воена академија 14 Јуни, во претстојниот период планирани се неколку активности, од кои и марш со вработените кој беше реализиран на 12 април 2024 година во областа на село Кучково.

Маршот е заедничка активност која го поттикнува спортскиот дух, колегијалноста и го зајакнува чувството за припадност на Воената академија и традиционално се организира секоја година.

Преку овие заеднички активности Воената академија ја слави својата историја и вредностите на кои е изградена, почитувајќи го денот на Академијата под мотото: „Знаење, Чест, Служба, Татковина.“