Стратегија за Интернационализација на Воена академија

СТРАТЕГИЈА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

 ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“– СКОПЈЕ

2024 2027

  1. Вовед

Интернационализација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје се базира на традицијата и е водечка амбиција, но пред сé таа е потреба на Воената академија. Интернационализацијата во високото образование е повеќе од мобилност на студентите и професорите, таа преставува вклучување на универзитетите во динамичниот свет во кој живееме, во рапидниот развој на знаењето, креативноста и иновацијата. Таа е од круцијална важност за квалитетот во наставата и науката.

Стратегија за интернационализација има за цел да ги надгради достигнувањата од минатото со понатамошно развивање на јаките страни на Воената академија и воспоставување на нови насоки за идни развојни иницијативи во меѓународната средина. Таа се надоврзува на еден од принципите од Стратегија за развој на Воената академија, односно: „Поттикнување на интензивна меѓународна соработка во сферата на наставната и научно-истражувачката работа како предуслов за вклучување на Воената академиај во европските научно-истражувачки и едукациски процеси.“

Воената академија се стреми кон континуирано подобрување на истражувањата и наставата, го продлабочува интернационалното присуство и ја зајакнува ефикасноста на мерките што го поддржуваат истражувањето и наставата во таквите интернационални димензии. Способноста за привлекување странски студенти според критериуми и услови е сериозен и прифатлив индикатор за квалитет на Воената академија.

Овие напори за интернационализација се однесуваат на цела Воена академија, иако нивната реална имплементација ќе ги почитува пристапите и искуствата на работа на различните единки и барањата на европските програми. Затоа сите активности на Воената академија, особено во образованието и истражувањето, вклучуваат интернационализација во нивните активности и цели.

Долгорочни цели

  • Вклучување на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје во современите текови на меѓууниверзитетска соработка во Европа, регионот и светот;
  • Развој на интернационални студиски програми, на прв циклус, како и на втор циклус кои ќе се базираат на стекнатото истражувачко знаење;
  • Создавање на студенти кои се подготвени да дејствуваат во други средини и различни култури;
  • Подобрување на квалитетот на наставната и научната дејност на Воената академија;
  • Зголемување на мобилностите на студентите, наставно-научниот и административно-техничкиот персонал;
  • Зголемување на мобилностите на дојдовните студентите, наставно-научниот и административно-техничкиот персонал;
  • Лидерство во избрани истражувачки области, соработка со општеството, регионалниот развој и прекугранична соработка.
  • Активна улога во универзитетски и институционални мрежи;
  • Креирање на интер-културно катче/програма во рамките на Еразмус канцеларијата и одделението за меѓународна соработка;

  1. Истражување

Истражувањето и размената на знаење ја поддржуваат визијата и мисијата на Воената академија. Воената академија активно поддржува меѓународни истражувачки соработки преку кои истражувачите ги рефлектираат сопствените аспирации за да се подобрат меѓународните научни стандарди и да се привлече поголемо внимание кон соодветните дисциплини. Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје има значаен бенефит од овие соработки, па затоа Воената академија подржува партнерство со најважните институции во светот, од секое поле на истражување, кое преку научна соработка и циркулација на знаењето ќе ги подобри перформансите, достигнувања и ефикасност во областа.

Историски гледано, истражувачките соработки на Воената академија се најсилни со институции во Европа, соработки што, без сомнение ќе продолжат и во иднината.

Преку оваа стратегијата, Воената академија подржува соработки во зародиш и дефинира нови потенцијални соработки со водечките институции во Западен балкан, Австрија, Полска, Норвешка, Грција и други земји од интерес.

За да се постигне оваа, Воената академија:

  • Ќе ги поддржува соработките со најдобрите светски организации за истражување кои ја делат нашата заложба за високо квалитетни истражувања;
  • Ќе го подобрува квалитетот на истражувањето преку соработка со

меѓународните институции со цел да се зголеми научното влијание;

  • Ќе земе активно учество во меѓународните асоцијации и форуми кои заеднички работат во креирањето на решенија на моменталните светски предизвици.

За реализација на овие приоритети, Воената академија ќе биде активен субјект во Европската област за високо образование, нудејќи ги своите истражувачи и истражувачки групи и поканувајќи истражувачи од партнерските институции за соработка на повеќе полиња и во рамките на различни иницијативи. Исто така, Воената академија планира да учествува во повеќе меѓународни проекти во различни програми и прекугранични соработки и заснова истражувачки врски со меѓународни универзитети во ЕУ и во целиот свет.

Интернационализацијата на истражувањето ќе биде потврдена преку публикации, патенти и иновации, учество во ревизии и анализи и учество во голем број проекти.

Преку организирањето на меѓународни конференции, конгреси и стручни советувања ќе го зголемиме нашето влијание на регинонален и меѓународен план.

       Меѓународната размена во насока на зголемување на истражувањата ќе биде промовирана со краткорочни и долгорочни мобилности. Финансирањето ќе биде обезбедено од европските програми и меѓународни фондови.

  1. Настава

Следејќи ја визијата за интернационализација, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје ќе се заложи за развој на меѓународно конкурентни студиски програми на англиски јазик за додипломски и постдипломски студии. Со ова Воената академија се обидува да ги подготви сите студенти за барањата на глобалниот и професионален свет.

Програмите ќе ги предаваат професори од Воената академија и меѓународни гости-предавачи од партнерски универзитети во избрани приоритетни области. Главниот фокус ќе биде регионален и на државите од Западен Балкан, Турција, Централна, Источна и Северна Европа, додека истовремено Воената академија ќе се обиде да ја прошири својата активност во Африка, Блискиот исток и Азија. Затоа Воената академија ќе се стреми да обезбеди најдобри можни услови за студирање и административна поддршка на странските студенти.

Главен приоритет на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје ќе биде поттикнување на мобилност на академискиот кадар и студентите. Појдовната и дојдовната мобилност ќе се зголеми преку промотивни активности од страна на Еразмус канцеларијата и обезбедување дополнително финансирање од меѓународни, европски и национални фондови.

Покрај семестралните студентски размени во иднина работата на Еразмус канцеларијата ќе биде насочена и кон овозможување на дополнителни краткотрајни размени за студентите како што се летни школи, младински размени, тренинг курсеви и контакт семинари.

За да се постигне оваа, Воената академија:

  • Ќе им овозможи на сите студенти да имаат значително меѓународно искуство за време на студиите;
  • Ќе ги прошири можностите за студирање на Англиски јазик;
  • Ќе го зголеми на бројот на факултетски интегрирани додипломски и постдипломски студиски програми со Универзитети од регионот и светот;
  • Ќе креира нови е-алатки и дигитални програми за зголемување на

дојдовните мобилности и видливоста на Воената академија.

  1. Партнерства

Партнерствата на Воената академија се засноваат на билатерални договори, интер-институционални Еразмус + договори, како и партнерства со институции од локално и национално ниво и економски субјекти од интерес. Овие врски се фундаментални за работата на Воената академија. Тие ја формираат основата за институционално и деловно партнерство и го поддржуваат растот преку долгорочни односи.

Партнерствата со водечки институции и деловни субјекти ја унапредуваат видливоста на Воената академија и ги прошируваат врските со земјите каде што сакаме да се вклучиме и се суштинска компонента за нашето образовно или истражувачко присуство.

За да се подобри ова, Воената академија:

•       Ќе ги негува соработките со партнерите од индустријата кои помагаат да се трансформираат нашите идеи и практики во нови технологии и иновации со глобално влијание и примена;

•       Ќе се фокусира и придонесе за продлабочување на односите со постојните

         институционални и деловни партнери во регионот и Европа;

•       Ќе ја зголеми интердисциплинарна соработка со партнери на глобално

         ниво;

        

         Постојните партнерства ќе бидат проширени кон нови полиња и ќе се воспостават нови партнерства од определени области.

         Модел за стратешко партнерство моментално во функција со Вишото морско училиште во Варна; Воената академија во Осло, Норвешка, Воената академија во Вроцлав, Полска, Воената академија во Лисабон, Португалија, Воената академија во Виена, Австрија и неколку други се покажа како особено динамичен двигател за развој и интернационализација на Универзитетот.

         Во блиска иднина, мрежата на стратешки партнерства треба да се прошири и да вклучи уште партнери.

  1. Имплементација и предизвици

За спроведување на стратегијата за интернационализација ќе се применат најдобрите практики на институциите партнери на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, а во согласност со институционалните цели и Стратегијата за развој на Воената академија од 2024 – 2027 година. Стратегијата мора да биде вградена во сите аспекти на наставата и учењето низ целата институција за да може Воената академија да се прилагоди кон новите предизвици што ќе произлезат.

Имплементацијата ќе биде централно координирана.

Техничко-административниот кадар исто така треба да биде дополнително обучен за подобрување на нивните меѓународни вештини.

За да се постигне оваа, Воената академија:

  • Ќе ја подигне свест за интернационализацијата и интеркултурноста на Воената академија на сите нивоа и ќе создаде клима на отвореност;
  • Ќе ги искористи постојните меѓународни и интеркултурни искуства и

вештини на вработените на Воената академија;

  • Ќе се зголеми мотивираноста на професорите на Воената академија за предавање на англиски јазик;
  • Ќе се развие концепт за финансирање на реномирани професори гости.

Стратегијата за интернационализација редовно ќе се следи и оценува за да се процени дали пристапот ги постигнува своите цели и ги дава придобивките што се очекуваат од истата.

         Ќе се развијат статистички индикатори и истражувања за да се поддржи ефикасно следење на интернационализацијата. Целите на интернационализацијата ќе бидат инкорпорирани во сеопфатната стратегија на Воената академија и пошироките процеси за обезбедување квалитет во наставата и зголемување на задоволство на студентите