Учество на меѓународната кадетска недела во организација на Националната одбрамбена академија на Грузија

23.04.2024

„Во период од 15.04 до 19.04.2024 година, претставници од Воената академија (2 питомци и 1 помлад офицер) гостуваа на Меѓународната кадетска недела во организација на Националната одбрамбена академија на Грузија.

Во рамки на активноста, на која учествуваа уште 12 други држави покрај домаќинот, присутните имаа можност низ повеќе настани подобро да се запознаат со културно-социолошките одлики на Грузија и Грузискиот народ, да разменуваат идеи и искуства и усптешно меѓусебно да се вмрежат градејќи силни партнерски односи.“

Галерија