Почитувани
Ве известуваме дека на 13.11.2023 година во 17:00 часот во амфитеатарот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во објект број 54 ќе се одржи воведeн час за втор циклус на студии - магистерски студии по следниве насоки:
1. насока: Безбедност и одбрана и
2. насока: Сајбер безбедност и дигитална форензика.
За студентите кои не се од Република Северна Македонија во распоредот на часови кај воведен час и информирање е поставен линк на кој треба да се приклучат.
За студентите од Република Северна Македонија потребно е физичко присуство.
Студентите кои немаат доставено документи во оригинал или заверени на нотар, согласно конкурсот да ги достават во студентска служба.
Во прилог ви е распоред на часови.
Со почит
м-р Билјана Стојановска
Шеф на студентска служба