
Како организациона единица во состав на Воената академија, Катедрата за општествени науки ги покрива наставните дисциплини од областа на општествените и хуманистичките науки. Во рамки на Катедрата за општествени науки вработени се шест наставници во редовен работен однос, а во својство на визитинг наставници ангажирани се научни работници и од други високообразовни установи.
Настава
Посебно внимание се посветува на трендовите на современото војување од правен, историски и социолошки аспект. На тој начин, преку предметите од широката палета на општествени и хуманистички науки, питомците и студентите на Воената академија се стекнуваат со знаења неопходни за нивната идна офицерска професија и се оспособуваат за соодветно имплементирање на стекнатите знаења при извршување на претстојните задачи во областа на одбраната и безбедноста.
вон.проф. д-р. Александар Грижев

Проф. д-р. Елениор Николов
