Деканот е раководен орган на Академијата. Деканот ја претставува Академијата во земјата и во странство, во согласност со овој статут. Деканот е самостоен во вршењето на работите од својата надлежност. Деканот, најмалку еднаш во годината, до наставно-научниот совет и до министерот за одбрана поднесува извештај за својата работа.
Деканот, во рамките на вршењето на својата раководна функција:
Д-р Митко Богданоски е редовен професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и визитинг професор на неколку други универзитети, како и полковник во Армијата на Република Македонија.
Неговите истражувачки интереси се во полето на сајбер (мрежна и системска) безбедност, хибридни закани, вмрежување, безжични и мобилни комуникации, MANET, WSN, енергетска ефикасност и теорија на информации и комуникации.