Воената академија реализира универзитески студии од прв циклус (додипломски), втор циклус (магистратура и специјализација) и трет циклус (докторски студии). Универзитетската диплома на студентите што ќе го завршат школувањето на Воената академија, ќе биде верифицирана во земјата, што ќе им овозможи на питомците и студентите да имаат признаено занимање и можност за понатамошна едукација во образовниот ситем на Република Македонија и странски држави членки на Болоњскиот процес.