Успешно реализирана активност од Еразмус+ КА220 проектот на Воената академија „Future Classrooms’ Leadership“

13.09.2023

За време на беспрекорно организираниот настан во периодот од 6.9.2023 г. до 10.9.2023 г. во Пултуск, Р. Полска од страна на координаторите на Еразмус+ проектот „Future Classrooms’ Leadership“ од Р. Полска, свој придонес дадоа и претставници од Воената академија.  

Со присуство на сите партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, координаторите од Р. Полска и претстваниците од Воената академија се спроведоа активности во согласност со целите на проектот и поконкретно користење на дигитални алатки за поуспешно пренесување на знаења преку гејмификација на содржините и часовите. Активноста беше одлична можност за интерактивни сесии за размена на искуства помеѓу партнерите со цел пополнување на јазот во дигиталната компетентност на партнерите, практично тестирање на различни релевантни дигитални алатки, како и развивање на конкретни идеи за соработка помеѓу различните образовни институции.

Во рамките на настанот, беше организиран и прием од страна на градоначалникот на Пултуск, при што Деканот на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски, редовен професор ја искористи можноста да се заблагодари за гостопримството, а и да го поздрави сопствениот тим, но и тимовите од останатите партнери во проектот за напорната работа и посветеноста во реализација на проектните активности.

Воената академија во континуитет учествува и спроведува Еразмус+ проекти, финансирани од Европската Унија и посветено вложува во развивањето на плодна соработка со образовни институции од цела Европа со цел осовременување на наставата, методите и пристапите во образовниот процес и овозможување висок квалитет на студиите кои ги нуди.

Галерија