Реализирана официјална посета на делегација Aмбасадорот и военото аташе од Република Австрија

28.02.2024

На ден 27.02.2024 година остварена е официјална посета од страна на амбасадорот на Република Австрија  Г-дин Мартин Памер и военото аташе полковник Кристијан Смутек.

За време на посетата беа дискутирани конкретните аквивности кои ќе се реалзираат во 2024 година.

Како едни од клучните заеднички активности кои се дискутираа се:

- Регионалниот курс за стратешко лидерство и кој се реализира 3 година по ред со поддршка на Австриската Академија за национална одбрана.

- Заеднички активности со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC -European Security and Defence College) и Австриска академија за национална одбрана.

Генерално, како клучни активности и области за идната соработка се размена на питомци и професори, а поконкретно, учество на питомци од Воената академија на Австрија на меѓународниот безбедносен проект „Летен кампус“, размена на питомци со едно семестрален престој преку програмата Еразмус +, како и размена на професори  од двете институции со предавања по покана. Дополнително беше дискутирана соработка и размена во делот на сајбер безбедноста.

Галерија