Учество на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“

27.09.2023

Претставници од Воена Академија, професори и питомци, учествуваа на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“. На панелот министерката Петровска порача дека неопходно е националните механизми за кризен менаџмент и цивилна заштита постојано да се оценуваат и надградуваат за да можат да одговорат на потребите на граѓаните. Министерот Шарец го образложи словенечкиот модел на организација на кризниот менаџмент, ги презентираше искуствата од поплавите кои ја зафатија Словенија во август, се заблагодари за поддршката што Северна Македонија и ја пружи на Словенија и порача дека државите мора да соработуваат едни со други бидејќи ниту една земја не може самостојно да се носи со овие предизвици.

Галерија