30.09.2023
Во рамките на проектот “INTEGRATION BY SOCIAL AND DIGITAL LEARNING” Project Erasmus+ (KA2), во период од 24 до 27.09.2023 година во Париз се одржа втората меѓународна средба.
Покрај тимот од Воената академија на средбата учествуваа и претставници од Франција, Шпанија и Турција, а посетени беа и областите Малаков, Иври и Бонди каде што беше остварена средба со градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа.
Беа презентирани и анализирани досегашните резултати за реализираните активности на проектот и беа идентификувани специфичните потреби со кои се соочуваат градовите низ кои поминуваат и се задржуваат мигрантите во однос на ограничените технички, финансиски и човечки капацитети и нивната интеграција во општеството.