Од 11 до 15 септември 2023 г.
Вести
- За време на беспрекорно организираниот настан во периодот од 6.9.2023 г. до 10.9.2023 г. во Пултуск, Р. Полска од страна на координаторите на Еразмус+ проектот „Future Classrooms’ Leadership“ од Р. Полска, свој придонес дадоа и претставници од Воената академија. Со присуство на сите партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, координаторите од Р. Полска и претстваниците од Воената академија се спроведоа активности во согласност со целите на проектот и поконкретно користење на дигитални алатки за поуспешно пренесување на знаења преку гејмификација на содржините и часовите. Активноста беше одлична можност за интерактивни сесии за размена на искуства помеѓу партнерите со цел пополнување на јазот во дигиталната компетентност на партнерите, практично тестирање на различни релевантни дигитални алатки, како и развивање на конкретни идеи за соработка помеѓу различните образовни институции.
На ден 05.09.2023 година како дел од дводневната посета, Воената академија имаше чест да биде пос
- Решение за прием на кандидати по конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии објавен на 02/03.09.2023 година
- На ден 01.08.2023, деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишаа Меморандум за соработка како потврда на заедничките заложби и интерес за унапредување на соработката во областа на безбедноста и форензиката. Меморандумот е плод на потребата за посуштинска заедничка соработка чиј главен фокус е зајакнување на соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористување на научно - стручните, професионалните, материјално - техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности, преку кои ќе се реализираат целите од заеднички интерес.
- На воена свеченост во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денес 31.06.2023 година се промовираа 27 офицери на Армијата од 23-та класа, во чин потпоручник. На свеченоста присуствуваа министерката Славјанка Петровска, заменик министерот за одбрана Г-дин Тирон Јајага, началник на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и високи гости од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од министерствата за одбрана на Босна и Херцеговина, Црна Гора и други гости.
- Воената академија, препознаен лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот, во период од 11 до 12 јули 2023 година, во Тирана, Р. Албанија реализираше дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Управување со сајбер кризи“. Настанот, спонзориран од американскиот Стејт департмент и во соработка со CRDF GLOBAL и Иницијатива за сајбер безбедност, корпоративна безбедност и управување со кризи - C3I Скопје, имаше за цел да ги подобри практиките за сајбер безбедност и управување со сајбер кризи за повеќе од 30 сајбер професионалци од CERT/CSIRT и клучните јавни и приватни сектори, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура од Р. Албанија.
- На 28 јуни 2023 година, се одржа работилницата број 2 од проектот SETOFF, насловена "Empowering Distributed Learning Approach to Enhance Disaster Risk Management and Strengthen Resilience", на која се претставија најновите резултати од проектот SETOFF како и неговата примена во јакнењето на заштита и безбедноста при работа во јавниот и приватниот сектор.
- К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ ВО СТУДИСКАТА 2023/2024 ГОДИНА
- Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2023/2024 година
- Воената академија, препознаена по својата експертиза во областа на сајбер безбедноста, организираше дводневна вежба за сајбер безбедност (TTX) на 12 и 13 мај 2023 година во Кишинев, Р. Молдавија. Настанот, спонзориран од американскиот Стејт департмент и во соработка со CRDF GLOBAL и Иницијатива за сајбер безбедност, корпоративна безбедност и управување со кризи - C3I Скопје, имаше за цел да ги подобри практиките за сајбер безбедност на повеќе од 30 сајбер професионалци од CERT/CSIRT и клучните јавни и приватни сектори, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура од Р. Молдавија. Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, настанот го започна со потенцирање на значењето на соработката меѓу експертите за сајбер безбедност од различни институции, потребата од ажурирање на нивните знаења и вештини и воспоставување робусна рамка за справување со предизвиците во оваа област. Во текот на воведната сесија свое обраќање имаше и директорот Службата за ИТ и сајбер безбедност г-дин Александру Коретчи, кој ја истакна важноста на овој настан за институциите и за државата, посебно во период кога сајбер просторот се повеќе се злоупотребува за постигнување стратешки цели.
- Во близина на Деканатот на Воената академија, во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, се одржа свеченоста по повод Денот на Воената академија во присуство на високи претставници на Министерството на одбрана, Армијата и други бројни партнерски институции. На самиот почеток, присутните ги поздрави Деканот, правејќи осврт на најважните достигнувања и успеси на институцијата, елаборирајќи го притоа придонесот на сите чинители во Академијата од нејзиното основање. Во тој контекст, Деканот искажа посебна благодарност до поранешните вработени, меѓу кои и професори, декани, административни работници и други, за нивната улога во поставувањето на темелите на оваа важна институција, единствена по карактер во нашата земја.