Воена академија
Продекан за научно-истражувачка работа и меѓународна соработка
Редовен професор, Полковник
Телефон
Е-пошта
Опис на работната позиција
Проф. д-р. Елениор Николов е роден на 24.11.1968 година во Велес, каде го завршил и основното училиште. Средното образование го завршил во Средното техничко училиште во Велес, насока машински техничар, со одличен успех. Оженет е и татко на 2 деца. По национална припадност е Македонец.
Образование
2009 Доктор по технички науки (УКИМ, Машински факултет - Скопје) - Истражување на динамичкото однесување на моторите со внатрешно согорување
2000 Магистер по машински науки (УКИМ, Машински факултет - Скопје) - Истражување на просторот за согорување кај бензинските мотори, од аспект на супер брзо бездетонатно согорување
1995 Постдипломски студии (УКИМ, Машински факултет - Скопје)
1992 Дипломиран машински инженер (Воено техничка академија - Загреб, Р. Хрватска) - Мотори и моторни возила
Обуки и усовршување
2011 Полковник
2007 Потполковник
2002 Мајор
2001 Капетан I класа
1996 Капетан
1992 Поручник
Членство во стручно-научни здруженија
2017-2019 Учесник во истражувачки тим од Воена академија, за меѓународен проект "Напреден систем за превенција и рана детекција на шумски пожари"
2014- Учесник во истражувачки тим од Воена академија, за национален проект "Извршеното истражување (анализа) и доставување на конкретни мерки кои треба да се преземат за подобрување на состојбата во дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК во РМ"
2006-2009 Учесник во истражувачки тим од Р. Македонија за NATO-Sfp, меѓународен проект "Management of Security Related R&D in support of Defence Industrial Transformation, NATO" - Sfp 982063
Информатички Технологии
Поседува сертификат за информатички технологии, има одлично познавање и активно ги користи сите канцелариски апликации.
Јазици
Англиски
Италијански
Работно искуство
2020- Редовен професор во областите Мотори со внатрешно согорување и Моторни возила и Оклопни борбени возила на Воената академија во Скопје
2015- Вонреден професор во областите Мотори и моторни возила и Оклопни борбени возила на Воената академија во Скопје
2010- Доцент во областите Мотори и моторни возила и Оклопни борбени возила на Воената академија во Скопје
2001- Асистент во областите Мотори и моторни возила и Оклопни борбени возила на Воената академија во Скопје
1996- Помлад асистент во областите Мотори и моторни возила на Воената академија во Скопје
Научни трудови
Над 30 научни и стручни трудови објавени во зборници на научни конференции и научни списанија