Огласи

Конкурси

Соопштенија

Соработката со партнерите – еден од клучните приоритети на Воената академија

25.12.2023
Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Деканот на Воената академија ја посети Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија во периодот од 18-22 декември 2023 година. За време на посетата претставниците од Воената академија имаа можност да учествуваат во активности поврзани со едукација и обука, како и да остварат средби со раководството на Поморската воена академија, разгледувајќи ги можностите за проширување и продлабочување на веќе воспоставената соработка.

РЕАЛИЗИРАН ФИНАЛНИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ОД ЕРАЗМУС+KA220 ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“

16.12.2023
Во период од 10-13 Декември 2023 година, во  Токат, Р. Турција се реализираше финалниот транснационален состанок од Еразмус+KA220 проектот во организација на партнерот од Турција - Tokat Milli Piyango İhya Balak Fen Lisesi ! Активноста започна со топло добредојде од нашиот турски домаќин како и со презентација за убавините на Токат. За време на Транснационалниот состанок се дискутираа реализираните проектни активности како и останатите активности кои треба да се завршат до крајот на проектот, вклучувајки го и финалниот извештај.  Дополнително, на беше презентиран и дискутиран прогресот на планот за одржливост и дисеминација.

Регионален состанок на родови обучувачи

11.12.2023
Во периодот 5-6 декември 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа 8. Регионален состанок на родови обучувачи. Состанокот беше организиран во рамките на проектот на UNDP/SEESAC„Поддршка за вклучување на родовите аспекти во реформата на безбедносниот сектор во Западен Балкан“, чија цел е да им помогне на министерствата за одбрана во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија да ја интегрираат родовата еднаквост во реформата на безбедносниот сектор преку регионална соработка. Темата за оваа средба беше „Род, подготвеност за катастрофи и помош - улогата на вооружените сили“.

Воената академија домаќин на партнерски состанок и практична обука во рамките на проектот СЕТОФФ

05.12.2023
​​​​​​​Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид. Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација

Успешно реализирана работилница „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“

30.11.2023
Во периодот 20-21.11.2023 година, во RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, беше реализирана работилницата „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“, која е прва активност во проектот „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани“. Работилницата беше организирана од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во соработка со RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка на која учествуваа 6 еминетни предавачи и 20 учесници од земјите од Југоисточна Европа. Од Република Северна Македонија водачи на панели беа проф. д-р Митко Богданоски, вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и вон. проф. д-р Димитар Богатинов.