Во периодот 07.-11.05.2024 година, високи лидери од воени и одбранбени образовни институции од целиот свет се собраа на Националниот одбранбен универзитет во Вашингтон Д.Ц., САД.
На настанот активно учество зеде и деканот на Воената академија полковник д-р Митко Богданоски, редовен професор.
Воведно обраќање на настанот одржаа командантот на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим Генерал-полковник Макс Нилсен, командантот на Националниот одбранбен универзиет од САД генерал-полковник Мајкл Плехн, како и Началникот на Генералштабот на сојузничката команда на НАТО за трансформација, вицеадмирал Гај Робинсон.
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Успешно реализирана работилница „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“
30.11.2023
Во периодот 20-21.11.2023 година, во RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, беше реализирана работилницата „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“, која е прва активност во проектот „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани“. Работилницата беше организирана од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во соработка со RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка на која учествуваа 6 еминетни предавачи и 20 учесници од земјите од Југоисточна Европа. Од Република Северна Македонија водачи на панели беа проф. д-р Митко Богданоски, вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и вон. проф. д-р Димитар Богатинов.