Учество на претставник од Воената академија на Сениорски Менаџерски Курс за Стабилизација и реконструкција во Р.Италија

15.11.2023

Во периодот 06-10.11.2023г. во Торино, Р. Италија се реализираше 19. Сениорски Менаџерски Курс за Стабилизација и реконструкција (19th Stabilization and Reconstruction Management Senior Course). Активноста беше во ко-организација на Системскиот колеџ за персонал на ОН (United Nations System Staff College, UNSSC) и Центарот за изучување на постконфликтни операции (Post Conflict Operations Study Center, PCOSC), а претставник од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ беше Александар Грижев, вонреден професор. 

Целта на активноста беше учесниците да добијат широка слика на сите актери кои се вклучени во операциите за стабилизација и реконструкција (С&Р), да ги подобрат способностите за анализа и планирање на цивилни и воени операции за С&Р. Преку предавања, дискусии и анализи на случаи, како и воспоставување на видео конекции со дел од клучниот персонал од поголемите мисии на ООН, ЕУ и НАТО, учесниците беа во можност да го подобрат своето знаење за главните географски, политички и економски фактори во зоната на операции, но и подобро да ја разберат меѓу-агенциската соработка на големиот број на актери во С&Р. 

Најголем дел од времето беше посветено на концептите на Реформа на безбедносниот сектор (Security Sector Reform, #SSR), Помош на безбедносните сили (Security Force Assistance, #SFA) и Разоружување, Демобилизација и Реинтеграција (Disarmament, Demobilization, Reintegration, #DDR).

Галерија