Успешно реализирана работилница „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“

30.11.2023

Во периодот 20-21.11.2023 година, во RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, беше реализирана работилницата „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“, која е прва активност во проектот „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани“. Работилницата беше организирана од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во соработка со RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка на која учествуваа 6 еминетни предавачи и 20 учесници од земјите од Југоисточна Европа. Од Република Северна Македонија водачи на панели беа проф. д-р Митко Богданоски, вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и вон. проф. д-р Димитар Богатинов.

Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, ја отвори работилницата и го истакна значењето на борбата против распространетите сајбер закани во земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Настанот го истакна партнерството помеѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и RACVIAC, како одраз на заедничката посветеност за справување со еволутивните сајбер предизвици во ЈИЕ.

Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, ја нагласи потребата од колективен ангажман, споделување на увиди и практични искуства за зајакнување на регионалната отпорност на хибридни закани преку сајбер-просторот.

Работилницата служеше како платформа за дискусија за суштински теми како што се конвергенција на сајбер безбедноста, еластични одбранбени механизми против сајбер закани, стратешка подготвеност за хибридни закани и клучната улога на правните рамки во спротивставувањето на сајбер заканите.

Адмиралот Предраг Стипановиќ, заменик директор на RACVIAC, ја нагласи незаменливата улога на соработката меѓу нациите во справувањето со сајбер заканите, наведувајќи: „Невозможно е една нација да се заштити од сајбер напади без тесна соработка со своите соседи и посеопфатна форма на соработка на глобално ниво“.

На настанот се реализираа мали групни дискусии меѓу учесниците од земјите, фокусирајќи се на регионалните искуства и примери/иницијативи во борбата против хибридните закани преку сајбер просторот. Работилницата беше сведок на значителен ангажман, со значаен придонес и од предавачите и од учесниците.

Настанот заврши со упатување на благодарност од страна на деканот на Воената академија и заменик директорот на RACVIAC до сите учесници за нивната посветеност, повикувајќи ја континуираната соработка за унапредување на мерките за сајбер безбедност за сигурна дигитална иднина во регионот на ЈИЕ.