Работилница на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

27.11.2023

На 22, 23 и 24 ноември на Воената академија се одржа втората работилница за 2023 година на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ. Работилницата се спроведува во рамки на NATO DEEP програмата за зајакнување на образованието во одбраната. Работилницата ја реализираат професори од Воената академија кои се серитцифирани обучувачи за методологии за подобрување на наставниот процес. Во својство на слушатели на работилницата учествуваа соработници - асистенти на Воената академија. Во текот на работилницата се дискутираа темите:  андрагогија, стилови на учење, методи на настава, мотивација, критичко размислување, Блумова таксономија и исходи од учење, евалуација и оценување, рубрика и листа на проверки, примена на современите технологии во наставниот процес.