Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид.
Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација
Огласи
Конкурси
Соопштенија
Деканот и Министерот за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка меѓу Воената академија и Министерството за внатрешни работи
01.08.2023
На ден 01.08.2023, деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишаа Меморандум за соработка како потврда на заедничките заложби и интерес за унапредување на соработката во областа на безбедноста и форензиката.
Меморандумот е плод на потребата за посуштинска заедничка соработка чиј главен фокус е зајакнување на соработката за работи од заеднички интерес базирани на искористување на научно - стручните, професионалните, материјално - техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности, преку кои ќе се реализираат целите од заеднички интерес.
СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА 27 НОВИ ПОТПОРУЧНИЦИ ОД 23-ТА КЛАСА ПИТОМЦИ ВО ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА
31.07.2023
На воена свеченост во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денес 31.06.2023 година се промовираа 27 офицери на Армијата од 23-та класа, во чин потпоручник.
На свеченоста присуствуваа министерката Славјанка Петровска, заменик министерот за одбрана Г-дин Тирон Јајага, началник на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и високи гости од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од министерствата за одбрана на Босна и Херцеговина, Црна Гора и други гости.
ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ОРГАНИЗАТОР НА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ОБЛАСТА НА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА СО НАСЛОВ „УПРАВУВАЊЕ СО САЈБЕР КРИЗИ“
12.07.2023
Воената академија, препознаен лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот, во период од 11 до 12 јули 2023 година, во Тирана, Р. Албанија реализираше дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Управување со сајбер кризи“.
Настанот, спонзориран од американскиот Стејт департмент и во соработка со CRDF GLOBAL и Иницијатива за сајбер безбедност, корпоративна безбедност и управување со кризи - C3I Скопје, имаше за цел да ги подобри практиките за сајбер безбедност и управување со сајбер кризи за повеќе од 30 сајбер професионалци од CERT/CSIRT и клучните јавни и приватни сектори, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура од Р. Албанија.