Соработката помеѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Норвешкиот национален одбранбен универзитетски колеџ претставува стратешки значаен чекор кон унапредување на военото образование и размена на современи безбедносни знаења и искуства.
Огласи
23.04.2025
Конкурси
23.04.2025
22.11.2024
Соопштенија
НАЈАВА: КУРС ЗА САЈБЕР ХИГИЕНА ЗА СТУДЕНТИ
20.05.2024
Почитувани студенти,
Пред вас е посебна можност за подобрување на вештините за дигитална безбедност преку едночасовен online курс за сајбер хигиена. Овој курс го спроведува Националниот институт за сајбер безбедност и дигитална форензика од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во партнерство со Стејт Департментот на САД и CRDF Global. По успешното завршување на курсот учесниците ќе се стекнат со соодветен сертификат во дигитална форма, како признание за стекнатите знаења и вештини.
Наслов на курсот: Основни безбедносни правила во дигиталната средина
Времетраење: 60 минути
Целна група: Студенти во нетехнички и технички специјалности
Градење на идните лидери: 53-та НАТО конференција на команданти
14.05.2024
Во периодот 07.-11.05.2024 година, високи лидери од воени и одбранбени образовни институции од целиот свет се собраа на Националниот одбранбен универзитет во Вашингтон Д.Ц., САД.
На настанот активно учество зеде и деканот на Воената академија полковник д-р Митко Богданоски, редовен професор.
Воведно обраќање на настанот одржаа командантот на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим Генерал-полковник Макс Нилсен, командантот на Националниот одбранбен универзиет од САД генерал-полковник Мајкл Плехн, како и Началникот на Генералштабот на сојузничката команда на НАТО за трансформација, вицеадмирал Гај Робинсон.