КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ ВО СТУДИСКАТА 2023/2024 ГОДИНА

27.06.2023

К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ ВО СТУДИСКАТА 2023/2024 ГОДИНА

Врз основа на член 21 од Законот на Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), член 88 став 1 од Статутот на Воената академија бр. 07-876/1 од 17.10.2011 година и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр. 01-628/1 од 20.01.2010 година, Воената академија распишува


К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во студиската 2023/2024 година

Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски” – Скопје (во понатамошниот текст: Академијата), распишува конкурс за студенти на втор циклус на студии за студиската 2023/2024 година, на следните студиски програми:

Научни студии (магистратура) од областа на:

  • Безбедност и одбрана (30 кандидати)
  • Управување со кризи и заштита и спасување (30 кандидати) и

- Сајбер безбедност и дигитална форензика (50 кандидати).

            Студиите на втор циклус на студии – магистратура се организираат во Академијата според академиски студиски програми акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на втор циклус на студии на Академијата траат една година (два семестра) и со нивното завршување се стекнуваат 60 ЕКТС кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Право на учество на Конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

 
               - да завршиле прв циклус на соодветни или сродни студии во времетраење од 4 (четири) години (8 семестри), и се стекнале со најмалку 240 кредити според ЕКТС;

- право да се запишат на втор циклус на академски универзитетски студии имаат и странски државјани, според условите утврдени со закон и

- да изполнуваат други услови предвидени со студиските програми за втор циклус студии на соодветната единица на Универзитетот.

ТРОШОЦИ ЗА СТУДИИТЕ

а) Студентите на втор циклус на студии - магистратура се запишуваат со кофинансирање на студиите. Износот на кофинансирањето по семестар изнесува 400 ЕУР и за одбрана на магистерскиот труд 300 ЕУР во денарска против вредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.

б) Странските државјани кои се запишуваат на  втор циклус на студии – магистратура плаќаат 100% поголема партиципација од партиципацијата што ја плаќаат студентите кои се државјани на Република Северна Македонија.

в) Странските државјани кои завршиле прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје се запишуваат на втор циклус на студии под исти услови како студентите државјани на Република Северна Македонија.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ


            Конкурсот за запишување на втор циклус на студии во Академијата го спроведува Конкурсна комисија формирана од министерот за одбрана.

            Конкурсната комисија изготвува ранг-листа на примените кандидати што се објавува на огласната табла на Академијата, како и на веб-страницaта на Академијата (http://www.ma.edu.mk).

            Против ранг-листата кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата, преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од денот на објавување на резултатите на огласната табла на Академијата и веб страницата.

            Одлуката по приговорот се донесува во рок од 24 часа од поднесувањето на приговорот. Одлуката му се соопштува на подносителот на приговорот со истакнување на огласната табла и објавување на веб-страницата на Министерство за одбрана и Академијата.

            Ранг-листата станува конечна по истекот на рокот за поднесување приговор.            Посебните права и обврски на кандидатите примени за студенти на втор циклус на студии на Академијата се уредуваат со договор во согласност со Статутот на Академијата.

            Кандидатот го остварил правото на запишување доколку се наоѓа на ранг-листата до бројот што е предвиден со Конкурсот за запишување.

            Кандидатот којшто го остварил правото на запишување, а во предвидениот рок нема да го изврши запишувањето го губи правото и наместо него правото на запишување го стекнува наредниот кандидат од ранг-листата.

            При изготвување на ранг листата треба да се води сметка за соодветна и правична застапеност на кандидатите кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за стручност и компетентност како и почитување на принципот на еднаквост на половите.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ 
 

Заинтересираните кандидати за упис на на втор циклус на студии Воената академија за учебната 2023/2024 година може да се пријават во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. „Васко Карангелески“ б.б. или електронски (скенирани оригинални документи) до Академијата на електронска пошта: upis2[email protected]:

- пријава за запишување што се добива во Академијата;

- доказ за завршен прв циклус на студии (диплома оригинал или фотокопија заверена кај нотар), кандидатите кои завршиле во странство и кандидатите странски државјани да достават решение за еквиваленција и признавање на високобразовната квалификација стекната во странство за завршен прв циклус на студии);

            - уверение за положени испити со оценки и кредити (оригинал или фотокопија заверена кај нотар); кандидатите кои завршиле во странство и странските државјани доставуваат решение за еквиваленција на оценките;

- кратка биографија (CV);

- извод од матична книга на родени (оригинал или копија заведена на нотар);

- уверение за државјанство (оригинал или копија заведена на нотар) ;

- потврда за познавање странски јазик;

- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви)

- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);

- награди, признанија и други документи.

Кандидатот добива потврда со број за успешна пријава на депонираната приватна е-пошта.

Документите за пријавување на втор циклус на студии се доставуваат лично во деловодството на Академијата, на адреса: ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

По објавувањето на конечната листа, кандидатот се запишува со доставување на:

1. оригиналните документи кои предходно биле прикачени во електронска форма со електронска пријава;

2. индекс;

3. Пријавни листови;

3. 3 фотографии (2 фотографии од 6цм х 9 цм и 1 фотографија од 4цм х 5 цм);

4. странските студенти доставуваат и потврда за завршена настава по македонски јазик;

5. оригинал уплатници како доказ за уплатени средства за студирање на втор циклус на студии – магистратура, надоместоци за образовни и административни такси.

6. Договор за студирање за втор циклус;

Документите за пријавување на втор циклус на студии се доставуваат лично во деловодството на Академијата, на адреса: ул. ,,Васко Карангелески“ бб. Скопје.

            РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати за школување на втор циклус на студии во студиската 2023/2024 година може да се пријавуваат во рок од 90 (деведесет) дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Ако во првиот пријавен рок не се пријават и не бидат примени кандидати во планираниот број, Академијата ќе организира втор пријавен рок 3 (три) дена по објавувањето на конечната ранг-листа.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА