Реализација на работилница од проектот СЕТОФФ

30.06.2023

На 28 јуни 2023 година, се одржа работилницата број 2 од проектот SETOFF, насловена "Empowering Distributed Learning Approach to Enhance Disaster Risk Management and Strengthen Resilience", на која се претставија најновите резултати од проектот SETOFF како и неговата примена во јакнењето на заштита и безбедноста при работа во јавниот и приватниот сектор. Под водство на искусните експерти, д-р Димитар Богатинов, д-р Невена Серафимова и д-р Таргуцидис Антонис, работилницата привлече преку 60 учесници од различни земји, дополнително со физичко присуство на повеќе од 15 учесници во просториите на Воената Академија.

Д-р Димитар Богатинов, експерт во областа на е-учењето, ја започна работилницата со прикажување на техничките аспекти и употребливоста на е-платформата креирана за проектот SETOFF. Се прикажаа најновите алатки и техники кои можат да се искористат за поедноставно и поефективна обука во управувањето со ризици од катастрофи и безбедност и заштита на работниците при работа. Оваа сесија не само што го збогати разбирањето на учесниците за предметот, туку и донесе практични совети за подобри кориснички искуства во процесот на е-учење.

Д-р Невена Серафимова во своето предавање претстави различни модели и стратегии кои можат да се користат за максимизирање на влијанието на комбинираното учење во управувањето со ризици од катастрофи и заштита на здравјето и безбедноста на работниците. Со помош на примери од реалниот живот и студии на случаи, д-р Серафимова го демонстрираше потенцијалот на моделите и стратегиите при комбинирање на е-учењето со класичното учење, а се со цел, зголемување на вклученоста на учесниците и задржувањето на знаењето кај истите. Интерактивната сесија предизвика дискусии меѓу учесниците и поттикна тимска работа на темата.

Д-р Таргуцидис Антонис, експерт во областа на заштита на здравјето и безбедноста на работниците, претстави интересно сценарио за користење на развиената платформа за е-учење од проектот а се со цел засилување на отпорноста преку управување со ризикот. Повикувајќи се на неговото големо искуство, д-р Антонис го истакна значењето на аплицирањето на концептите што беа претставени на работилницата, во реални ситуации. Учесниците активно се вклучија во анализата на сценариото и разговараа за иновативни решенија, со тоа зголемувајќи го нивното разбирање во делот на обука за управувањето со ризици.

Работилницата успешно привлече разновидна група на повеќе од 60 учесници кои се приклучија онлајн, внесувајќи ги своите уникатни погледи и искуства преку дискусии. Ова глобално присуство од различни држави овозможи збогатена размена на идеи и дозволи учесниците да учат и во културолошки контекст и преку различни експертизите на учесниците. Дополнително, присуството на повеќе од 15 учесници во Воената Академија создаде атмосфера на комбинирано учење и соработка.

Работилницата ги остави учесниците со чувство на здобиени нови знаења и вештини во делот на  користењето на е-платформата од проектот за подобрување на управувањето со ризици и засилување на отпорноста со помош на распределените методи на учење. Со интегрирање на техничките аспекти на употребливоста на е-платформите, моделите и стратегиите за разновидно учење и практични сценарија, учесниците стекнаа целосно разбирање за тоа како да ја искористат проектната платформа во обуката за ефикасно управување со ризици од катастрофи и заштита на здравјето при работа.

Галерија