Дводневната Регионална работилница на тема „Индивидуални и регионално базирани сајбер и хибридни закани и предизвици во Југоисточна Европа“ сереализираше во Тирана, Албанија, во период од 02 до 03 октомври 2024 година. Работилницата е организирана од страна на RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, Министерството за одбрана на Албанија и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје, и е дел од пошироката иницијатива „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани.”
Работилницата официјално ја отворија Н.Е. амбасадор Константин-Михаил Григори, директор на RACVIAC, г. Дориан Тола, заменик министер за одбрана на Албанија, и потполковник проф. д-р Димитар Богатинов, претставник на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски.“
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Успешно реализирана обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“ дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“
29.04.2023
Во период од 24 до 28.04.2023 година, во просториите на Воената академија и во Охрид се реализираше обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“.
Обуката е дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“ и истата има за цел да обезбеди соодветни знаења и вештини за користење на различни платформи за е-учење и инкорпорација на останати технолошки и мултимедијални алатки во делот на образованието.
Трет транснационален состанок се одржува на Воената академија; Активна соработка со партнерите од Грција, Белгија и Шпанија во рамките на проектот од програмата Еразмус+ - СЕТОФФ
05.04.2023
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во соработка со своите партнери од Грција, Белгија и Шпанија го организише третиот транснационален состанок во рамките на проектот Еразмус+ - СЕТОФФ во периодот од 4-5 март 2023 година.
Состанокот вклучуваше дискусии и анализи во врска со циклусот на обуки „Обучи го обучувачот“, кој започна во март во Кавала, Грција. За време на состанокот се донесоа конечни одлуки за наставната програма за е-обука, која ќе биде достапна за учесниците од сите партнерски земји преку платформата за е-учење креирана во рамките на проектот. Во овој контекст, професорите од Воената академија спроведоа обука, специјално прилагодена за потребите на корисниците на проектот, со цел ефективно и ефикасно креирање курсеви на платформата за е-учење.
Реализирано предавање од военото аташе на Европската унија, полковник Pietro MOSTARDI
04.04.2023
На ден 03.04.2023 година во просториите на Воената академија се одржи предавање на тема Воени карактеристики на ЕУ (Белин плус договор, EUMS/EUMC и MPC – структура, функција и релации), Основи на CSDP (концепт, примери) и Специфични аспекти на CSDP (PESCO, CARD, EDF, EPF, ЕУ стратегиски компас и сл.)
Голем успех и посетеност на Меѓународниот настан за обука за Цивилна заштита во Кавала
10.03.2023
Тридневната штабна обука во рамките на Програмата за паметно образование и обука за вработените во централната власт и локалната самоуправа-SETOFF - VET‐SHORT‐TERM JOINT STAFF TRAINING, се реализираше во Кавала, Р. Грција, за време на трагичната железничка несреќа во Темпи (Грција) во период од 01-03. Март 2023 година.
За време на тридневната обука, беше истакната клучната важност на специјализирана и современа обука, со користење на најсовремена технологија за оние кои се повикани да управуваат со кризи и ризици и да координираат тимови од професионалци и/или волонтери за навремен, безбеден и ефективен одговор на природните и од човекот предизвикани катастрофи.