Посета од страна на сајбер делегација од Израел „Improvate“ на Воена академија

01.11.2022

На 26.10.2022 година, во просториите на Воена академија, беше остварена посета на сајбер делегација во рамките на израелска компанија „Improvate“. За време на посетата беа презентирани израелските иновативни технологии за сајбер безбедност и различни решенија при разни сајбер сценарија и предизвици.

„Improvate“ е платформа која ги прави технологијата и иновациите достапни за земјите ширум светот и служи за поврзување на лидерите и носителите на одлуки, како и компаниите и инвеститорите со технолошките и иновативните компании. Целта на оваа платформа „Improvate“ преку меѓународни конференции и деловни делегации да се промовираат на можностите за продажба и новите стратешки партнерства.

Беа презентирани решенија од компаниите „Wikistrat“ која е консултантска фирма за обезбедување на наменски интерактивни симулации за поголема соработка помеѓу учесниците, „TripleP“, консултантска фирма која обезбедува програми за подигање на сајбер свеста за организациите и ги подготвува компаниите за усогласеност со прописите за приватност низ целиот свет, како и „Cybersixgill“ која е сајбер-разузнавачка компанија која анализира различни начини за разузнавање за закани.

Во овој контекст, Деканот на Воената академија даде кус преглед на посебниот акцент кој Воената академија го става и на сајбер безбедноста и дигиталните вештини, како и на капацитетите на Националниот институт за сајбер безбедност и дигитална форензика како една од можностите за интензивирање на овој вид на соработка.

Галерија