Втор транснационален состанок во рамките на проектот SETOFF

25.11.2022

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше во вториот транснационален состанок организиран во рамките на проектот SETOFF (Smart Education and Training PrOgram For central and local government servants: Embrace vulnerability as our greatest and innovative tools For risk management) на 21 и 22 ноември 2022 година во Бенгазил, Шпанија.  

Состанокот го отвори градоначалникот на Бенгазил, а учесниците од партнерските земји од Северна Македонија, Грција, Белгија и Шпанија ги споделија важните достигнувања во проектот до сега и ги утврдија следните чекори за постигнување на проектните цели во текот на неговото спроведување.  

За време на настанот, претставниците од Воената академија го презентираа својот придонес во однос на проектните активности, а посебно во врска со создавањето на платформаза е-учење и присуството на интернет поврзано со видливоста на проектот, отворајќи дискусија за понатамошна промоција на проектните активности и нивна успешна реализација.

Проектот се стреми кон подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа во секторите за кризен менаџмент и спасување и заштита, како и вклучување на приватниот сектор во процесот на справување со кризи и вонредни состојби преку развивање на иновативни е-обуки кои се темелат на успешно тестиран и спроведен симулациски модел во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и образование.

Галерија