Во организација на Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија, денеска 03. Јуни 2024 година започна со реализација првиот од четирите модули од програмата на обуки за Аналитичари во оперативни центри за безбедност (SOC ANALYST). Учесници на обуките се 25 претставници од Министерството за одбрана, Армијата и Воената академија.
Покрај теоретските предавања учесниците ќе имаат можност да користат и персонализирани лабораториски вежби со помош на платформата CYCUBE. Самата платформа има инкорпорирани многу напредни курсеви и адаптивно персонализирано учење согласно знаењето на студентот.
Со реализација се овие курсеви Министерството за одбрана и Армијата ќе се збогати со 25 обучени SOC Аналитичари (SOC ANALYST) од кои дел ќе бидат ангажирани во новоформираниот оперативен центар за безбедност (SOC).
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Р Е Ш Е Н И Е за прием на кандидати по Конкурсот за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“- Скопје во студиската 2023/2024 година објавен во дневните печати ,,Слободен печат“ и ,,Коха“ на ден 27.06
19.10.2023
Врз основа на член 57 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ број 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19 и 110/19), член 21 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ број 83/09), Правилник за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр.01-628/1 од 20.01.2010 година, Правилник за изменување на Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр.01-849/1 од 01.02.2011 година, Правилник за изменување на Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр.02-3454/1 од 29.09.2023 година, како и предлог-мислење од Наставно-научниот совет на Воената академија бр. 07-97/10 од 10.10.2023 година, а согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“- Скопје во студиската 2023/2024 година објавен во дневните печати ,,Слободен печат“ и ,,Коха“ на ден 27.06.2023 година, министерката за одбрана донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за прием на кандидати по Конкурсот за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“- Скопје во студиската 2023/2024 година објавен во дневните печати ,,Слободен печат“ и ,,Коха“ на ден 27.06.2023 година