Со задоволство објавуваме дека деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, проф. д-р Митко Богданоски и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Влатко Неделковски, потпишаа Меморандум за соработка. Овој значаен договор ја потврдува нивната заедничка посветеност и интерес за унапредување на соработката во областа на физичкото образование и спортот.
Меморандумот, потпишан за време на 18. Европски конгрес на Меѓународната федерација за физичко образование и спорт, произлегува од потребата за подлабока и поефикасна соработка. Примарен фокус на меморандумот е да ја зајакне соработката за прашања од заеднички интерес преку искористување на научната и професионалната експертиза, како и материјалните, техничките и просторните ресурси. Крајната цел е да се зајакне врската меѓу двете институции и да се промовира развојот и унапредувањето на спортот.