Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика започна со реализирање на првата обука за аналитичари во оперативни центри за безбедност (SOC ANALYST)

03.06.2024

 

Во организација на Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија, денеска 03. Јуни 2024 година започна со реализација првиот од четирите модули од програмата на обуки за Аналитичари во оперативни центри за безбедност (SOC ANALYST). Учесници на обуките се 25 претставници од Министерството за одбрана, Армијата и Воената академија.

 

Покрај теоретските предавања учесниците ќе имаат можност да користат и персонализирани лабораториски вежби со помош на платформата CYCUBE.  Самата платформа има инкорпорирани многу напредни курсеви и адаптивно персонализирано учење согласно знаењето на студентот.

 

Со реализација се овие курсеви Министерството за одбрана и Армијата ќе се збогати со 25 обучени SOC Аналитичари (SOC ANALYST) од кои дел ќе бидат ангажирани во  новоформираниот оперативен центар за безбедност (SOC).

 

„Со оваа активност Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика, кој како национален капацитет се формира согласно Националната стратегија за сајбер безбедност, и официјално започна со активностите за едукација и обуки во делот на сајбер безбедноста за претставници од Министерството за одбрана, други владини институции, како и приватни ентитети во државата и пошироко во регионот“, истакна во своето воведно обраќање, деканот на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски, полковник.

Галерија