Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид.
Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација
Огласи
Конкурси
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр. 106
07.12.2022
Втор транснационален состанок во рамките на проектот SETOFF
25.11.2022
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше во вториот транснационален состанок организиран во рамките на проектот SETOFF (Smart Education and Training PrOgram For central and local government servants: Embrace vulnerability as our greatest and innovative tools For risk management) на 21 и 22 ноември 2022 година во Бенгазил, Шпанија.