На ден 18.05.2023 година во Вршац, Р. Србија, се реализираше 7. Регионален состанок на Мрежата на родови обучувачи во Министерствата за одбрана и Вооружените сили на Западен Балкан.
Активноста беше во организација на UNDP SEESAC и истата е дел од проектот „Поддршка на родовиот мејнстриминг во реформата на безбедносниот сектор на Западен Балкан (БиХ, Северна Македонија, Србија и Црна Гора)“ чија цел е да се интегрира родовата еднаквост во реформите на безбедносниот сектор преку регионална соработка.
Покрај размената на информации, искуства и најдобри практики, на состанокот се дискутираше околу финализирањето на основниот онлајн Курс за родова свесност, наменет за вработените во Министерствата за одбрана и Вооружените сили на земјите од Западен Балкан.
Дополнително, активноста беше искористена и за вмрежување на Родовите обучувачи, како и планирање на наредни активности.
На состанокот зема учество доцент д-р Александар Грижев, родов обучувач од МО/Воена академија.