Успешно реализирана активност од Еразмус+ проектот со наслов: „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“ во Портимао, Португалија

04.03.2023

Во рамки на проектот на Еразмус+ проектот со наслов: „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“ во период од from 25-30.03.2023 година во просториите на Universidade Lusofona – Португалија се одржа повеќедневна ЛТТА активност во која, освен учесници од Воената академија, активно учествуваа 8 претставници Universidade Lusofona – Португалија.

Проектот има за цел да ги подигне дигиталните вештини кај студентите и истиот се заснова на дигитална компетентност која е една од 8-те основни компетенции предложени од Европскиот парламент и Советот за доживотно учење. Дигиталната компетентност вклучува безбедна и критичка  употреба на технологијата на информатичкото општество (ИСТ) за: деловни активности, комуникација и ефикасна мрежна соработка.  Ова е поддржано од основни вештини на современата информатичка технологија: употреба на компјутери за примање, проценка, складирање, производство, презентирање и размена на информации и комуникација и учество во информатички мрежи за соработка.

Цели на проектот: Студентите на партнерските држави до крајот на 2022 година да се здобијат со следниве компетенции:

  1. Целосно подобрување на информатичките компетенции за да бидат во тренд со можностите на информатичката технологија во XXI-от век
  2. Подобрени компетенции за анализа на дигитални информации
  3. Подобрени компетенциите за дигитална комуникација и соработка
  4. Подобрување на  компетенциите за производство и обработка на дигитални содржини
  5. Унапредување  на дигиталните безбедносни компетенции
  6. Зголемени компетенциите за решавање дигитални проблеми
  7.  Целосно унапредување на образовниот процес на студентите преку користење на современи дигитални програми, апликации и алатки.


 

Галерија