Огласи

Конкурси

Соопштенија

Учество на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“

27.09.2023

Претставници од Воена Академија, професори и питомци, учествуваа на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици

ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА KOОРГАНИЗАТОР НА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА СО НАСЛОВ „ГЛОБАЛНИ ДИЈАЛОЗИ ЗА САЈБЕР-ПОЛИТИКА: САЈБЕР ДИЈАЛОГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2023“

23.09.2023
Воената академија, во период од 20 до 21 Септември 2023 година, беше дел од организацискиот одбор и учестувуваше во реализацијата на дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Глобални дијалози за сајбер-политика: сајбер дијалог во Западен Балкан 2023“ која се реализираше во Холидеј Ин Хотелот во Скопје. Работилницата беше организирана во коорганизација на Министерството за одбрана, Воената академија, Истражувачка Фондација Обсервер од Америка, Министерството за надворешни работи на Кралство Холандија и Фондацијата Метаморфозис, и на истата учество земаа преку 50 учесници од владата, граѓанското општество, академијата и приватниот сектор од целиот Западен Балкан. Главната цел на состанокот беше да се поттикне вистински и отворен дијалог меѓу учесниците од различни сектори и позадини. Овој настан е надоврзување на претходните координативни дискусии, креирајќи прегледот на регионални иницијативи, идентификување приоритетни потреби и дискусија и давање на конкретни идеи за подобрување на транспарентноста и соработката за иницијативите за градење на заеднички капацитети.

Измена на решение за прием на кандидати по конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии објавен на 02/03.09.2023 година - Cloned

15.09.2023
Измена на решение за прием на кандидати по конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии објавен на 02/03.09.2023 година

Успешно реализирана активност од Еразмус+ КА220 проектот на Воената академија „Future Classrooms’ Leadership“

13.09.2023
За време на беспрекорно организираниот настан во периодот од 6.9.2023 г. до 10.9.2023 г. во Пултуск, Р. Полска од страна на координаторите на Еразмус+ проектот „Future Classrooms’ Leadership“ од Р. Полска, свој придонес дадоа и претставници од Воената академија.   Со присуство на сите партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, координаторите од Р. Полска и претстваниците од Воената академија се спроведоа активности во согласност со целите на проектот и поконкретно користење на дигитални алатки за поуспешно пренесување на знаења преку гејмификација на содржините и часовите. Активноста беше одлична можност за интерактивни сесии за размена на искуства помеѓу партнерите со цел пополнување на јазот во дигиталната компетентност на партнерите, практично тестирање на различни релевантни дигитални алатки, како и развивање на конкретни идеи за соработка помеѓу различните образовни институции.