Во организација на Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија, денеска 03. Јуни 2024 година започна со реализација првиот од четирите модули од програмата на обуки за Аналитичари во оперативни центри за безбедност (SOC ANALYST). Учесници на обуките се 25 претставници од Министерството за одбрана, Армијата и Воената академија.
Покрај теоретските предавања учесниците ќе имаат можност да користат и персонализирани лабораториски вежби со помош на платформата CYCUBE. Самата платформа има инкорпорирани многу напредни курсеви и адаптивно персонализирано учење согласно знаењето на студентот.
Со реализација се овие курсеви Министерството за одбрана и Армијата ќе се збогати со 25 обучени SOC Аналитичари (SOC ANALYST) од кои дел ќе бидат ангажирани во новоформираниот оперативен центар за безбедност (SOC).
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр.103
04.08.2022
Воената академија организатор на дводневна вежба cyber security drill (tabletop exercise – ttx), која се реализираше во Подгорица, Црна Гора
12.07.2022
Воената академија, препознаен лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот, со поддршка на Стејт департментот на САД, а во соработка со CRDF GLOBAL и Иницијативата за сајбер и корпоративна безбедност и кризен менаџмент – C3I Скопје, на 11 и 12 јули 2022 година реализираше дводневна вежба во областа на сајбер безбедноста CYBER SECURITY DRILL (Tabletop Exercise – TTX) која се реализираше во Подгорица, Црна Гора.