12.08.2022
Ве информираме дека во деновите 15, 16 и 17.08.2022 година, со почетокот од 08:00 часот, ќе се спроведе психолошко тестирање и систематски прегледи во Воено медицинскиот центар-Скопје.
Со себе понесете документ за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош), здравствена легитимација и заштитна маска. Кандидатките со себе треба да имаат и потврда од гинеколог.
Тестирањето ќе се реализира според следниот план:
- 15.08.2022 г. (кандидати со ID од 01-30) – психолошко тестирање
- 16.08.2022 г. (кандидати со ID од 01-30) – систематски прегледи
- 16.08.2022 г. (кандидати со ID од 31-59) – психолошко тестирање
- 17.08.2022 г. (кандидати со ID од 31-59) – систематски прегледи