Во организација на Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија, денеска 03. Јуни 2024 година започна со реализација првиот од четирите модули од програмата на обуки за Аналитичари во оперативни центри за безбедност (SOC ANALYST). Учесници на обуките се 25 претставници од Министерството за одбрана, Армијата и Воената академија.
Покрај теоретските предавања учесниците ќе имаат можност да користат и персонализирани лабораториски вежби со помош на платформата CYCUBE. Самата платформа има инкорпорирани многу напредни курсеви и адаптивно персонализирано учење согласно знаењето на студентот.
Со реализација се овие курсеви Министерството за одбрана и Армијата ќе се збогати со 25 обучени SOC Аналитичари (SOC ANALYST) од кои дел ќе бидат ангажирани во новоформираниот оперативен центар за безбедност (SOC).
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Решение за прием на кандидати по Конкурсот за запишување студенти/питомци 2022
29.08.2022
Решение за прием на кандидати по Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2022/2023 година