Реализиран третиот онлајн состанок од Еразмус+КА220 проектот „Future Classrooms Leadership“

30.08.2022

Третиот онлајн состанок од Еразмус+KA220 проектот „Future Classrooms’ Leadership“ се одржа во Вторник, 30-ти Август 2022 година.

На состанокот присуствуваа сите партнери во проектот. За време на состанокот беа разгледани идните активности што треба да се спроведат во текот на реализација на проектот.

 

 

Проектот ќе се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Учесници во проектот се претставници од Р.Полска како координатор и партнери од Р.Бугарија, Р.Романија, Р.Турција и Р.Италија.

 

 

Главнaта цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.