Од 11 до 15 септември 2023 г.
Огласи
Конкурси
Соопштенија
Реализирано предавање од военото аташе на Европската унија, полковник Pietro MOSTARDI
04.04.2023
На ден 03.04.2023 година во просториите на Воената академија се одржи предавање на тема Воени карактеристики на ЕУ (Белин плус договор, EUMS/EUMC и MPC – структура, функција и релации), Основи на CSDP (концепт, примери) и Специфични аспекти на CSDP (PESCO, CARD, EDF, EPF, ЕУ стратегиски компас и сл.)
Голем успех и посетеност на Меѓународниот настан за обука за Цивилна заштита во Кавала
10.03.2023
Тридневната штабна обука во рамките на Програмата за паметно образование и обука за вработените во централната власт и локалната самоуправа-SETOFF - VET‐SHORT‐TERM JOINT STAFF TRAINING, се реализираше во Кавала, Р. Грција, за време на трагичната железничка несреќа во Темпи (Грција) во период од 01-03. Март 2023 година.
За време на тридневната обука, беше истакната клучната важност на специјализирана и современа обука, со користење на најсовремена технологија за оние кои се повикани да управуваат со кризи и ризици и да координираат тимови од професионалци и/или волонтери за навремен, безбеден и ефективен одговор на природните и од човекот предизвикани катастрофи.
Билтен на Воената Академија бр. 109
10.03.2023
Состанок за пречек на питомците од Воената академија “West Point” од САД
08.03.2023
На ден 06ти март 2023 година, во времетрање од 10:00 до 11:30 часот, се реализираше состанок за пречек на питомците од Воената академија “West Point”од Соединетите Американски Држави.
Имено, питомците кои пристигнаа на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” – Скопје на 04ти март 2023 година како дел од програма за студентска размена на питомци помеѓу двете воено-образовни институции, најпрво беа пречекани од Деканот на Воената академија, полк. д-р Митко Богдановски, ред. проф. кој изрази дека му претставува чест и задоволство што овие питомци доаѓаат токму од најдобрата воена академија во светски рамки. Притоа Деканот нагласи дека ваквите активности претставуваат врвни можности за размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу двете институции и токму затоа се во фокусот на Воената академија. Истовремено, Деканот им посака пријатен престој и плодна работна седмица на питомците од САД, притоа претставувајќи ја програмата со активностите во кои овие питомци ќе земат учество, како посета на дел од единиците на армијата, центарот за обука на пилоти, АП Криволак и бројни знаменитости од културно-историски карактер.
ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ НА ТЕМА: „ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СОЦИОЕКОНОМСКИОТ КОНТЕКСТ ЗА РАДИКАЛИЗАЦИЈА И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ ВОЦЕЛНИТЕ ОПШТИНИ“
15.02.2023
На ден 13-ти февруари 2023 година во хотел Панаромика во Скопје се реализираше завршна конференција за реализиран проект на тема „Истражување за социоекономскиот контекст за радикализација и насилен екстремизам во целните општини“. Коференцијата беше организирана од страна на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта/Ла Страда Македонија, како носител на проектот, а истражувачки тим го сочинуваадокажани експери од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Институтот за безбедност, одбрана и мир. Истражувачкиот тим беше предводен од главниот координатор д-р Ненад Танески, а го сочинуваа: д-р Методија Дојчиновски, д-р Андреј Илиев, д-р Рина Киркова и д-р Александар Грижев
Втора работилница од проектот NOTIONES и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот
10.02.2023
Конзорциумот на партнери од проектот NOTIOENS успешно и согласно предвидената динамика ги реализира зацртаните цели. После неколку онлајн активности, работата продолжи со физичко присуство во периодот од 07 до 08 февруари 2023, во Билбао, Шпанија. Согласно планот за работа, се реализираа: Втора работилница од проектот и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот NOTIONES.