Воената академија по втор пат ко-организатор на курсот за запознавање со Заедничката политика за безбедност и одбрана на Европската Унија

18.10.2023

По втор пат Воената академија беше домаќин на Курсот за запознавање со Заедничката политика за безбедност и одбрана на Европската Унија, овој пат со физичко присуство на учесниците во периодот од 9-13 октомври 2023 г. во Охрид. Настанот беше организиран во соработка со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана, Австриската академија за национална одбрана и Раквијак.

Дискусиите за време на настанот придонесоа за подобро запознавање со тематикатана европската безбедносно-одбранбена политика. Од самото основање на Заедничата политика за безбедност и одбрана на ЕУ во јуни 1999 година, истакнати воени и цивилни експерти, полициски службеници и војници неуморно работат за промовирање на мир и безбедност во повеќе од 30 мисии, имајќи исто така предвид дека првата мисија на ЕУ – Конкордија беше распоредена токму во Република Северна Македонија на 31 март 2003 година.

Ова е втора заедничка активност на Воената академија со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана од започнувањето на соработката помеѓу двете институции, со тенденција за проширување на опсегот на активности, а посебно во областите кои се клучни за безбедноста и одбраната и предвидуваат искористување на експертизата која ја нудат двете институции, како и нивни партнерски организации.

Галерија