Огласи

Конкурси

Соопштенија

Состанок за пречек на питомците од Воената академија “West Point” од САД

08.03.2023
На ден 06ти март 2023 година, во времетрање од 10:00 до 11:30 часот, се реализираше состанок за пречек на питомците од Воената академија “West Point”од Соединетите Американски Држави. Имено, питомците кои пристигнаа на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” – Скопје на 04ти март 2023 година како дел од програма за студентска размена на питомци помеѓу двете воено-образовни институции, најпрво беа пречекани од Деканот на Воената академија, полк. д-р Митко Богдановски, ред. проф. кој изрази дека му претставува чест и задоволство што овие питомци доаѓаат токму од најдобрата воена академија во светски рамки. Притоа Деканот нагласи дека ваквите активности претставуваат врвни можности за размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу двете институции и токму затоа се во фокусот на Воената академија. Истовремено, Деканот им посака пријатен престој и плодна работна седмица на питомците од САД, притоа претставувајќи ја програмата со активностите во кои овие питомци ќе земат учество, како посета на дел од единиците на армијата, центарот за обука на пилоти, АП Криволак и бројни знаменитости од културно-историски карактер.

Реализација на Master Instructor Program 1

17.02.2023
Во периодот од 13 до 17.02.2023 г. во Центарот за професионален развој (Команда за обуки и доктрини) во Травник, Босна и Херцеговина, реализиран е Master Instructor Program 1 во рамки на NATO DEEP програмата за подобрување на образованието во одбраната.

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ НА ТЕМА: „ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СОЦИОЕКОНОМСКИОТ КОНТЕКСТ ЗА РАДИКАЛИЗАЦИЈА И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ ВОЦЕЛНИТЕ ОПШТИНИ“

15.02.2023
На ден 13-ти февруари 2023 година во хотел Панаромика во Скопје се реализираше завршна конференција за реализиран проект на тема „Истражување за социоекономскиот контекст за радикализација и насилен екстремизам во целните општини“. Коференцијата беше организирана од страна на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе -  Отворена Порта/Ла Страда Македонија, како носител на проектот, а истражувачки тим го сочинуваадокажани експери од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Институтот за безбедност, одбрана и мир. Истражувачкиот тим беше предводен од главниот координатор д-р Ненад Танески, а го сочинуваа: д-р Методија Дојчиновски, д-р Андреј Илиев, д-р Рина Киркова и д-р Александар Грижев

Втора работилница од проектот NOTIONES и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот

10.02.2023
Конзорциумот на партнери од проектот NOTIOENS успешно и согласно предвидената динамика ги реализира зацртаните цели. После неколку онлајн активности, работата продолжи со физичко присуство во периодот од 07 до 08 февруари 2023, во Билбао, Шпанија. Согласно планот за работа, се реализираа: Втора работилница од проектот и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот NOTIONES.

Почетен состанок на тимот на Воената академија за меѓународниот проект Erasmus+ KA210-ADU - Small-scale partnerships in adult education со наслов: Integration of social and digital learning

03.02.2023
На ден 27-ми јануари 2023 година се реализираше иницијален состанок со главниот координатор на проектот BEYTUSSEBAP HALK EGITIM MERKEZI (Центарот за јавно образование од Република Турција). Покрај Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Република Турција како носител на проектот, останати учесници во проектот се: Comité de Liaison Diagonal France од Република Франција и Asociacion para el Desarrollo socio Emocional UNU од Валенсија, Република Шпанија. Проектот ќе се реализира во период од 30.12.2022 до 30.12.2024 година.

Реализиран НАТО состанок со наслов „ADL in War: Training While We Fight Lessons from Ukraine “

03.02.2023
Воената академија, во соработка со  работната група на НАТО за  Напредно дистрибуирано учење (ADL), како и Partnership for Peace Consortium, организираше состанок на работната група во Скопје, во период од 01.02. - 02.02.2023 година со наслов „ADL in War: Training While We Fight Lessons from Ukraine “.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ВО СКЛОП НА ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕРАЗМУС+KA220 ПРОГРАМАТА

30.01.2023
Претставници од Воената академија земаа учество на третата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“, кој се реализираше во Таргу Џиу, Романија, во периодот од 23 до 27 Јануари 2023 година, согласно Еразмус+ KA220 програмата За време на работилницата, се разменија искуствата меѓу партнерите во делот на одговорно користење на ИКТ за време на наставата, дозволени и недозволени активности при користење на социјалните медиуми, вметнување на содржини во дело за безбедност онлајн низ наставните програми.