Учество на ЕУ настан посветен на сајбер отпорноста

02.10.2022

Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, беше поканет панелист на дијалогот за напредок на соработката на ЕУ со земјите од Западен Балкан во областа на сајбер отпорноста. Настанот беше организиран на ден 27.09.2022 година од страна на Институтот на ЕУ за безбедносни студии и чешкото претседателство со Советот на Европската Унија, во соработка со естонското и романското постојано претставништво во ЕУ.

 

 

Воената академија со активно учество на настан на ЕУ посветен на унапредување на агендата на сајбер отпорноста со партнерите од Западен Балкан

Овој настан имаше за цел да ја разгледа моменталната состојба на соработка во Западен Балкан, а истовремено да ја унапреди конкретната и акциски-ориентирана агенда која се надоврзува на минатите ангажмани меѓу ЕУ и партнерите од Западен Балкан.

 

На настанот, меѓу останатото, беше дискутирано за:

  • Што идентификуваа партнерите од регионот како најитни предизвици и приоритети за зајакнување на нивната сајбер отпорност?
  • Кои планови и обврски се преземени од страна на ЕУ и другите партнери во регионот и како да се следи напредокот?
  • Кои конкретни механизми можат да помогнат постоечката техничка соработка да се претвори во засилена политичка соработка?
Галерија