Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ на 20 и 21 февруари ја пречека делегацијата од Националниот одбранбен универзитетски колеџ на Норвешка и Воената академија, предводена од раководителката за интернационализација и координаторка на програмата Еразмус+ Марит Рие-Рамберг. Посетата беше фокусирана на зајакнување на академската соработка, дискусија за програмата Еразмус+ и разгледување на идни заеднички иницијативи.
Огласи
Конкурси
22.11.2024
Соопштенија
Воената академија организатор на Меѓународната конференција за воени комуникации и информациски системи (ICMCIS)
17.05.2023
Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Агенцијата за комуникации и информации на НАТО (НЦИА) и Националниот институт за истражување од Полска (НАСК) реализираше Меѓународната конференција за воени комуникации и информациски системи (ICMCIS).
Конференцијата се реализираше во Скопје, во период од 16 до 17 мај 2023 година, и истата е дел од НАТО Information Systems Technology (IST) панелот, кој е еден од седумте панели на НАТО Организацијата за наука и технологија (NATO STO).
Билтен на Воената Академија бр. 110
16.05.2023
Воената академија организатор на 51-виот бизнис состанок на НАТО Information Systems Technology (IST) панелот, дел од НАТО Организацијата за наука и технологија (NATO STO)
15.05.2023
Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје и Министерството за одбрана, започна реализацијата на 51-виот бизнис состанок на НАТО Information Systems Technology (IST) панелот, кој е еден од седумте панели НАТО Организацијата за наука и технологија (NATO STO). NATO STO е највисоко тело во НАТО за наука и технологија, во кое претставници од државата се професори од Воената академија. На состанокот учесници се 60 претставници од сојузничките земји.