Воената академија ко-организатор на Инoвaцискиот предизвик на НАТО

02.06.2022

Во време кога светот сѐ уште се бори со пандемија и сите нејзини последици на економски и општествен план, „Био-одговор“, темата на Иновацискиот предизвик на НАТО во кој учествуваа многубројни институции и поединци овозможи платформа за размена на креативни и иновативни решенија во обидот да се спречат и полесно пребродат можни биолошки ризици и закани за човештвото, намерни, но и предизвикани од природни феномени.

 

Воената академија во соработка со Иновацискиот центар на Здружената команда за трансформации на НАТО на 28 јуни 2022 година организираше избор на победници меѓу десетте финалисти кои учествуваа во предизвикот на Иновацискиот центар на НАТО, кој се одржува два пати годишно и ги собира најуспешните концепти и решенија за проблемите на денешницата, со цел поддршка на креативната мисла, како кај поединците така и во претпријатијата со цел развој на нови технологии во одговор на модерните ризици и закани.

Жирито составено од експерти од целиот свет, вклучувајќи и двајца претставници од Воената академија го избра претпријатието КРОМЕК за победник на предизвикот, второ место беше доделено на МИОН и на трето место се најде Нетворкцентрик – тимови на лидери. Помеѓу првите десет финалисти, чии концепти беа препознаени за најуспешни и најиновативни, беа и три македонски тима. Наградниот фонд за првите три освоени места е 8500 американски долари, а организаторите на настанот потенцираа дека обединувањето на напорите во обидот за решавање на глобални проблеми како што е „Био-одговор“ отвора нови хоризонти во стремежот на НАТО за сѐ поуспешна колективна одбрана.

 

Галерија