30.06.2022
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, соопштува дека кандидатот м-р Љупчо Шошоловски, јавно ќе ја брани докторската дисертација со наслов:
„ДЕФИНИРАЊЕ СИСТЕМ (ИНТЕГРИРАН МОДЕЛ) ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ“.
Одбраната на докторскиот труд ќе се одржи на ден 6-ти јули 2022 година (среда) со почеток од 11:00 часот во сината сала, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје.
Со почит,
Воена академија