Успешна реализација на првата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“ во согласност со Еразмус+KA220

25.06.2022

Во период од 20-24 јуни 2022 година претставници од Воената академија земаа учество на првата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“, во согласност со Еразмус+ KA220, која се реализираше во Багериа, Р. Италија.

За време на работилницата беа дискутирани искуствата на партнерите во користењето на дигитални алатки во образовнието, со посебен акцент на користењето нови методи и стратегии, како и нивна примена во процесот на евалуација. Дел од сесиите беа посветени на разгледување на придобивките од ефективни стратегии на визуелизација во образовниот процес и специфичностите на онлајн-наставата. Партнерите исто така разменија мислења за деталите, плановите и активностите на партнерите, како и координирањето на различните аспекти на проектните активности.

Проектот ќе се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Покрај Воената академија, учесници во проектот се претставници од Р. Полска како координатор и партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија. Главната цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.

Галерија